fbpx

ЕЛИАМЕП: Предлогот на Нимиц за „Горна …“ е добар, логичен и ја задоволува Грција

-

Генералниот директор на грчката тинк-тенк организација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Танос Докос, го оценува наводниот предлог-пакет за името – „Горна Македонија“, како добра основа на грчката страна за напредок и за развивање на преговорите кон компромисно решение.

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак, испрати демант на текстовите објавени во македонските медиуми за овој предлог, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на уставното име, ниту идеи и предлози што би ги загрозиле македонскиот народ и македонскиот национален идентитет, засебност на македонската нација и македонскиот јазик и култура.

Докос во колумна за грчкиот весник „Катимерини“ ги анализира минатонеделните разговори кај посредниот Метју Нимиц и пакет-предлогот кој неофицијално протече во македонските медиуми. Според Докос, наводниот пакет-предлог е главно задоволителен за барањата на грчката страна, но и покрај тоа, тој прогнозира и понатамошен застој во преговорите.

Во анализата, Докос оценува дека наводниот предлогот за името, односно Република Горна Македонија, и опсегот на употреба се во иста линија со грчките барања за име со географска одредница, поставена пред терминот Македонија, за севкупна употреба.

„Предлогот за националноста кој се слушна е граѓани на Горна Македонија. Овој предлог звучи логично и не делува дека би можел да создаде сериозни проблеми за грчката страна. Би било тешко да се замисли некое други решение кое би дошло од предложеното име за државата“, пишува Докос.

Што се однесува до идејата за именување на јазикот како „македонски“, индиректно посочува дека би можело да се покаже умереност, потенцирајќи дека повеќе држави делат заеднички јазик како Британија, Канада, Австралија и САД и никоја од нив не покренува прашање за ексклузивност над именувањето на јазикот.
Грчкиот аналитичар забележува дека во хипотетичко сценарио, каде преговорите би почнале да се развиваат околу овој предлог, дискусијата ќе зачкрипи поради позицијата на премиерот Никола Груевски секое потенцијално решение да оди на референдум пред да биде официјално прифатено. За да се избегне „куршцлус“ во оваа фаза, Докос предлага во пакетот јасно да се истакне процедурата на одобрување на предлогот да биде иста во двете држави, коментирајќи дека најсоодветно решение би било таа да се стави на гласање пред парламентите во Скопје и во Атина.

„Предлогот генерално одговара задоволително на грчките барања, онолку колку што дозволува специфичноста на ситуацијата. Грција треба да го остави зад себе проблемот на кој потрошивме значителен дипломатски капитал во последните 23 години и да ги развие дополнително врските со државата каде има значително економско влијание“, апелира Докос до грчката страна.

Решавањето на спорот, како што вели, ќе помогне и за побрза интеграција на Македонија во НАТО, ќе ни обезбеди поголема техничка и политичка поддршка за напредок кон ЕУ, а гледа и можност за почнување соработка на полето на енергетиката преку изградба на гасовод кој ќе ги поврзе двете страни.

Аналитичарот на ЕЛИАМЕП, сепак, останува песимист за решение и за напредок во преговорите во брзо време.

„Веројатното сценарио е дека спорот ќе остане отворен и понатаму ќе биде сопирачка за грчката балканска политика. Истовремено ќе продолжат да растат притисоците од ЕУ и од НАТО кон нашата држава, иако во блиска иднина ќе можеме да се справиме со нив“, вели тој во „Катимерини“.

Докос смета дека иако пакет-предлогот за Горна Македонија би бил прва можност за компромисен пристап кон прашањето од грчката страна, политиката на Груевски и понатаму е сопирачка за напредок. Политиката на Груевски ја оценува како кратковида, истакнувајќи дека пристапот на македонскиот премиер и оди во прилог на грчката влада и ја растеретува од притисокот да мора во овој период на економски турбуленции да носи итни и големи одлуки во врска со прашање од надворешната политика.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...