Иако поминаа два месеца откако Владата на РСМ донесе одлука за одвојување на Елем Турс од акционерското друштво „Електрани на РСМ“ (ЕСМ), тоа не е сторено, а заостанува и постапката за делумна приватизација на „Попова Шапка“. Од Владата за Порталб.мк истакнале дека се во контакт со сите надлежни институции за приватизација на Попова Шапка, пишува Порталб.мк.

Чекорот за одвојување на „Елем Турс“ од Електрани на РСМ, граѓанскиот сектор го сметаше за добар чекор за „ослободување“ на туристичкиот центар, Попова Шапка. Од Владата за Порталб.мк потврдуваат дека уште се во фаза на одвојување на Елем Турс и дека се разгледуваат најповолните услови за спроведување на владината одлука.

„Во моментов се реализира фазата на одвојување на Елем Турс од акционерското друштво Електрани на РСМ и се разгледуваат најповолните услови за реализација на оваа одлука“, изјавија од Владата на РСМ.

Нема напредок ниту во постапката за наоѓање приватен партнер за Попова Шапка, откако претходно беше одлучено овој туристички центар да биде даден на јавно-приватно партнерство.

„Истовремено Владата на РСМ во комуникација со Министерството за економија и другите институции и ја разгледува можноста за воспоставување на јавно приватно партнерство“, додаваат од Владата на РСМ.

Горенаведената одлука за одвојување на Елем Турс од чадорот на електраните РСМ од иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ се сметаше за бавен, но сигурен чекор за ослободување на Попова Шапка.

„Туристичкото одморалиште „Попова Шапка“ полека се ослободува. Матичната институција на работната група (Министерството за економија) информираше дека барањето поддржано од сите претставници на првиот состанок на работната група, „Елем Турс“ да се одвои од ЕСМ – Македонија, и предлогот беше одобрен на денешниот состанок од 09.03.2021 година, а сега продолжуваат чекорите за завршување на законската постапка“, напишаа од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ на 9 март.

Комисијата за Попова Шапка формирана од Министерството за економија досега има одржано само еден состанок, иако поминаа 3 месеци по основањето.

Ниту една од точките на договорот од првиот состанок на Комисијата за Попова Шапка, составена од повеќе релевантни институции, сè уште не е стоотстотно остварена.

Комисијата се состои од претставници на иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“, директорот на „Елем Турс“, Адем Авзиу, од Министерството за екологија, Хисен Џемаили, од Општина Тетово, Дрита Абдиу Халили, од Министерството за земјоделство, Дритан Рамадани и Шаукет Хазари од Агенцијата за развој на туризмот, Александар Георгиевски и од Министерството за економија се Беким Хаџиу, Џеват Даипи и Арлинда Касапи започнаа со работа во петокот.

Инаку, на 51. седница на Владата на Северна Македонија беше одлучено компанијата што управува со Попова Шапка, „Елем Турс“ и која во моментов работи под „АД ЕСМ“ да се оддели и да работи како независна. Одлучено е и дека „Попова Шапка“ ќе оди со јавно-приватен модел и да се објави оглас за заинтересираните правни лица.