fbpx

„ЕЛЕМ турс“ се надева дека до крајот на месецот ќе се отвори тендерот за анализата за Попова Шапка

-

„ЕЛЕМ турс“ најави дека отворањето на тендерот за компанијата што ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка е во тек и се очекува да заврши до крајот на април, пренесува „Порталб.мк“.

“Во моментов се подготвува целокупната постапка за отворање на тендерот за избор на компанија која ќе ја спроведе анализата за Попова Шапка. Постапката ќе се објави што е можно поскоро. Се надеваме, во април “, велат од „ЕЛЕМ турс“

Сепак, на мноштвото проблеми во Попова Шапка се чини дека не им се наоѓа решение. Веќе скоро четири месеци, на сите прашања за проблемите поврзани со овој скијачки центар го добиваме истиот одговор: “Се очекува анализата на ЕЛЕМ за Попова Шапка”.

Инаку, уште од 2012 година па до денес се дискутира за бројни, но исти проблеми со кои се соочува Попова Шапка, а сепак, досега не е преземено ништо. Еден од тие проблеми е жичарата со шест седишта, која се ветува редовно, но сè уште не е изградена.

“Попова Шапка”, некогаш беше познат скијачки центар во регионот и пошироко. Се инвестираше во инфраструктурата, и имаше скијачки натпревари со натпреварувачи од целиот свет, а беше и омилена дестинација на многу планинари и скијачи. Денес, останала само големата желба на туристите скијачи да го видат овој центар развиен како порано.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Гласачки ливчиња се фотографирале и во Штип и Сопот

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти за нови случаи во кои се фотографирале гласачки ливчиња во текот на денешното гласање. Во 14 часот било пријавено дека на избирачко место во...