fbpx

ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, велат од компанијата

-

АД ЕЛЕМ нема скриени, ниту заостанати долгови кон стопанството, односно кон економските субјекти со кои има воспоставено деловни односи, се вели во реакцијата на компанијата, откако вчера Министерството за финансии го објави долгот на државните институции, а за ЕЛЕМ посочи дека должи 641 милион денари.

„Акционерското друштво во државна сопственост ги испрати бараните податоци до Министерството за финансии со пресек заклучно со 31 мај и би сакале да појасниме дека станува збор за тековни обврски чии рокови за плаќање на тој датум сè уште не биле доспеани, односно не е пробиена валутата за плаќање. Во информацијата испратена до министерството, јасно е наведено дека станува збор за тековни, а не заостанати обврски затоа што компанијата нема доспеани, а ненамирени обврски кон стопанските субјекти. Наведените податоци кои стојат во презентацијата се тековни обврски и се во целост намирени во текот на изминатиот период“, се вели во соопштението на компанијата.

Оттаму велат дека финансиската состојба на ЕЛЕМ е во одлична кондиција и сите обврски кон државата, стопанството и кон вработените редовно се сервисираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...