ЕЛЕМ го прилагодува испустот на вода од Охридско Езеро во Црн Дрим според котата на езерото, во согласност со податоците на УХМР, како и според страничните дотеци во сливот на ХЕЦ Глобочица, информираат од компанијата, а по повод информациите дека ЕЛЕМ ја користи водата од Дрим за пороизводство на енергија, со што Охридско Езеро има низок водостој.
– Следејќи ги хидролошките состојби, АД ЕЛЕМ во изминатиот период го редуцира, во целост го прилагоди и го оптимизира производството на електрична енергија од хидроцентралите по течението на Црн Дрим во согласност со дотеците и со хидролошката состојба – велат од ЕЛЕМ.
Оттаму очекуваат зголемување на водостојот на Охридското Езеро во наредниот период, особено со топењето на снегот на околните планини, како и поради очекуваните врнежи од дожд и од снег што директно ќе придонесат за зголемување на дотеците во езерото.