Аниме играта Granblue Fantasy: Relink штотуку ја доби експанзијата наречена Endless Ragnarok, се работи за игра многу слична со „Genshin Impact“ со тоа како изгледаат околините и ликовите и „Honkai Impact“ во смисла на борбите кои се со многу слични светлосни ефекти, но целата игра највеќе потсетува на „Monster Hunter“ серијалот игри што во последно време е во подем на играност ширум светот-затоа и оваа игра привлече огромно внимание. Пред две години играта од конзоли премина и на верзија за компјутери со одличен фидбек.

На Steam за првата верзија од играта може да симнете екстензивно Demo и да ја испробате играта бесплатно. Времетраењето на демото иако е доста отворено дека самата игра „нема крај“, не е во должината во смисла со понудени содржини на бесплатната верзија на Final Fantasy XIV чија Trial верзија (тема на која имаме напис што може да го прочитате на следниов линк) која нуди преку 200 часови играње, иако Granblue има многу естетски и концептуални сличности со Final Fantasy -Демото од Стим за играта нуди солидно тестирање на факторот дали ќе ви се допадне доволно да ја купите самата игра.Ова е трејлерот за експанзијата наречена Endless Ragnarok. 

Во самото дејство и сржта на играта е победувањето босеви, односно различни главни чудовишта или џиновски непријатели со разни механики на борба -но бараат исто ниво на мобилност, присутност при секое движење и доаѓањето до шанси за удари на отворени места во одбраната на главните многу слично како во Monster Hunter серијалот.

Играте со вашиот херој или хероина што ќе ги одберете на почеток, но исто така имате и тројца придружници што се Вештачка Интелигенција кои ги земате како прогресирате низ главната приказна и завршувате задачи -односно „квестови.“ Како продолжувате со играта отклучувате многу нови ликови за бирање со широка палета на способности, скилови, магии на кои одредени босеви се ранливи -така што може да ги менувате придружниците ситуациски. Иако левелирањето на хероите е фактор -и не мора да играте целовремено со вашиот главен лик -туку може да контролирате било кој лик што ви се допаѓа повеќе во самата група. Сосема исто како на „Genshin Impact“. 

 

Ликовите се тренираат и во вид на „тренирање на Вештачка Интелигенција“ преку следни борби и од самите играчи што им даваат тренинг параметри -или поставености за акции што би ги правеле. Препорачливо е да користите ликови со „доџ механики“ -за избегнување удари и директни едноставни патерни на удирање повеќе одошто да се потпирате на тоа „ВИ“ ликовите да лечат или да пијат напитоци, а за напад не е препорачливо да користите магионичари кои имаат фактор за временско полнење на магија пред да удрат непријател -едноставните механики полесно ви ги тренираат „ВИ“ придружниците. 

Приказната не е воопшто силна страна на „Granblue Fantasy: Relink“ иако естетиката на играта е слична на „Final Fantasy“ во акцијата во чиј случај „Final Fantasy“ има одлична приказна и приказни во сите свои различни изданија. Во „Granblue“ патерната е „квестање“ додека да се дојде до „Бос“ па повторно се повторува истото дејство до следен „Бос“. 

Но самите борби со Главните Големи Непријатели -„Босевите“ се одлично направени -затоа што целата група од четворица се надополнува за одредени механики против секој бос, а на „Master Level“ тешкотијата мора да е групата специјализирано спремна со способности и таканаречени „Сигили“ (Sigil) што ги дефинираат- на кои одреден бос има слабости инаку тешко се поминува без адекватен „тим билдинг“. 

Што се однесува до улти магиите -секој лик има посебна -но ако ги сочувате при „Bossfight“ на 100% на сите ликови и ги „испукате“ последователно – тоа тригира моќен напад што го прави целата група во вид на групна ултимативна магија што прави масивен „демиџ“ и обично се користи за финиширање на главниот непријател.

Секако најважната карактеристика на играта е што има опција да играте со група пријатели и заедно да прогресирате низ играта. Како што е и наменета да се игра за вистинска прогресија, но е забавна и за играње самостојно.