fbpx

Експлозија во џамија во Авганистан, четворица загинати

-

Четири цивили загинаа, а околу 40 се ранети во бомбашкиот напад во џамија на истокот на Авганистан, изјави гувернерот Атаулах Хогијани.

Тој изјави дека џамијата била полна со муслимански верници кои го слават светиот месец Рамазан и дека очекува бројот на жртвите да се зголеми затоа што многу од повредените се во критична состојба.

Експлозијата се случила за време на молитвата во областа Родат во провинцијата Нангархар, која се граничи со Пакистан.

Во Нангархар талибанците од почетокот на годината водат жестоки борби против напаѓачите лојални на Исламска држава. Во таа провинција дејствуваат и други бунтовници чии бази се наоѓаат во соседен Пакистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 13 часот е 26,3 отсто

Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26,35 отсто. Гласале 430.364 граѓани, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Оваа бројка е во реалност и...