Експлозиите во Кина направија штета во износ од 1,5 милијади долари

Двете експлозии во кинеското пристаниште Тјанџин, во кои минатата недела загинаа повеќе од 100 лица, би можеле да им нанесат трошок на осигурителните куќи од 1,5 милијарди долари, соопшти денеска аналитичар на „Кредит Свис“, повикувајќи се на првичните процени на кинеските медиуми.

Тјанџин, третото најголемо пристаниште во светот по количина на товар кон минува низ неа, минатата среда беше зафатен од силни детонации, кои го оштетија индустриското и станбеното подрачје во радиус од неколку километри.

Осигурителните компании, вклучувајќи ги „Груп АГ“ и „Алијанц“, соопштија дека добиле барање за отштета од своите клиенти погодено од катастрофата, но засега не можат да го проценат загубите.

„Кредит Свис“ соопштија дека најпогодени ќе бидат кинеските осигурителни компании и меѓународните групации.