Екс градоначалникот на Лозово дозволил незаконски да се исплатат 205 илјади денари

А.В. овозможил на правно лице од с. Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово

-

СВР Штип поднесе кривична пријава против А.В. (48) од Лозово, Т.Г. (51) од Скопје и Л.Л. (68) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Како што информира МВР, во 2018 година, додека бил градоначалник на општина Лозово, А.В. овозможил на правно лице од с. Студеничани да се стекне со противправна имотна корист од 205.800 денари и за таа сума го оштетил буџетот на општина Лозово.

„На 1 ноември 2018 година, првопријавениот А.В. донел одлука за спроведување на јавна набавка за изградба на пешачка патека на улица „Октомвриска револуција” во Лозово, по што за најповолен понудувач било избрано правното лице, кое го назначило второпријавениот Т.Г. за управител на градбата. Градежните работи биле завршени во март 2019 година и во градежната книга и градежниот дневник биле внесени невистинити податоци дека се ставени 381 метар квадратен бекатон плочки во вредност од 205.800 денари. Градежната книга и градежниот дневник ги потпишале второпријавениот и третопријавениот Л.Л., кој бил надзорен орган на градбата. Првопријавениот А.В. иако знаел дека сумата за наплата не е вистинита, дозволил да бидат исплатени 205.800 денари повеќе отколку што е реално изработено“, наведено е во соопштението.

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени обврски за...

Депардје доби 18 месечна условна затворска казна за сексуален напад на две жени

Жерар Депардје е прогласен за виновен за сексуален напад на две жени за време на снимањето на филм во 2021 година, пренесе „Гардијан“. Познатиот актер од Франција, 76 годишниот Депардје, кој има...

Вучиќ: Многумина во ЕУ не ја одобруваат мојата посета на Москва, но се надевам дека ќе имаат разбирање

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е свесен оти многу функционери во Европската унија (ЕУ) не ја одобруваат неговата неодамнешна посета на Москва, но дека се надева дека ќе имаат...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

Во првите три месеци од годинава во споредба со состојбата на крајот од минатата година, само државните јавни претпријатија и фирмите во државна сопственост ги зголемиле доспеаните, а неплатени...