Економскиот удар од ковид-кризата во фокусот на средбата помеѓу Бесими и Ангеловска Бежоска

-

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска оствари средба со новиот министер за финансии Фатмир Бесими. На средбата, меѓу другото се дискутирало за актуелните состојби во домашната економија по првиот удар како последица од ковид-кризата.

Најсилното влијание, како што истакнаа соговорниците, се очекува дека е онa во изминатиот втор квартал од оваа година и дека ако нема неповолен развој на здравствената криза, веќе може да се фокусираме на активности за постепено економско закрепнување.

„Актуелната криза предизвикана од ковид-19 претставува историски предизвик, не само за нас туку во целиот свет. Внимателно го следиме развојот на настаните и реагираме со соодветни мерки. Но за тоа, потребен е координиран и професионален пристап, тука пред се мислам на координираната фискална и монетарна политика, но секако и пошироко на кохерентна економската политика. Останува во следниот период со сите засегнати страни да ги договориме конкретните активности. Паралелно со мерките коишто сега треба да се преземаат за закрепнување на економијата, треба и ќе работиме и на мерки и реформи коишто ќе значат подобрување на конкурентноста на нашата економија и прилагодување кон „новото нормално“. Главен приоритет ќе биде ублажувањето на ефектите од ковид-кризата и обезбедување солидна основа за заздравување на економијата, со фокус на обезбедување забрзан раст во посткризниот период,“ истакна Бесими.

Ангеловска-Бежоска посочи дека досегашните ефекти од ковид-кризата врз домашната економија се во рамки на очекувањата од проекциите на Народната банка. Падот на економската активност во вториот квартал е многу блиску до проекцијата на Народната банка од 12 проценти. Сепак, како што посочи гувернерката, кај некои од показателите, остварувањата се и подобри од оние што се очекуваа, вклучително и за девизните резерви и за кредитната и депозитната активност на банкарскиот систем.

„Народната банка е максимално подготвена соодветно да реагира во рамки на својот мандат и ако се случи нов бран на здравствената криза. Во тој контекст, важна е и поддршката со пристап до девизна ликвидност во евра, којашто за првпат ја добивме од Европската централна банка, а би ја користеле ако има потреба од тоа,“ рече Ангеловска-Бежоска.

Двајцата соговорници истакнале дека токму здравиот, сигурен и стабилен банкарски сектор испорачува клучен придонес за севкупната финансиска стабилност и стабилизирање на очекувањата на инвеститорите, а со тоа и поддржување на економскиот раст.

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по повод Велигден. Неговата...

Студентите во Белград седма вечер ја блокираа РТС

Од минатиот понеделник во 22 часот српски студенти во блокада и граѓани кои ги поддржуваат, ја оневозможуваат редовната работа на Радио-телевизија Србија со блокади пред влезот на медиумот во Белград во...

Превезувал стока без документација, приведен 48-годишник

Жител од скопско Танушевци е лишен од слобода поради превезување стока без документација, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи. Како што појаснија, завчера околу 19:20 часот во селото Побожје, општина Чучер...

Приведено лице во Македонски Брод, управувал возило со 2,04 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода

Денеска (21.04.2025) во 02.04 часот во Македонски Брод, полициски службеници го лишиле од слобода М.С.(25) од Македонски Брод поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило “ по...

Светот се збогува со папата Франциск: Неговиот последен велигденски говор повикуваше на мир, сочувство и солидарност

Папата Франциск почина денеска (понеделник 21.04.2025 г.) на 88-годишна возраст, само ден по неговото последно појавување на балконот на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што одржа обраќање по...