fbpx

Еколозите го поздравуваат потегот на Албанија за рушење на објектите на охриското крајбрежје

-

Потегот на Република Албанија да не се дозволува изградба на никакви објекти на брегот на Охридско Езеро на растојание од 30 до 50 метри од брегот, претставува голем и одговорен чекор во еколошката заштита на Охридско Езеро, заедно со неговата флора и фауна, вели екологот од Охрид, Лазо Наумоски. Истовремено, предупредува дека климатските промени придонесуваат за изчезнување на слатката питка вода, поради што жителите на планетата земја ќе се соочуваат со големи проблеми во недостиг од вода.

– Во интерес на сочувување на водата од Охридско Езеро, кое изнесува преку 58 кубни метри еколошки чиста и употреблива вода, неминовно е да се поздрави и поддржи иницијативата на Република Албанија во заштитата на брегот на Охридско Езеро и неградењето никакви објекти на просторот од 30 до 50 метри од самиот брег на Охридско Езеро – вели Наумоски за „Супер радио“.

Познатиот еколог советува дека е неопходно шумите во сливното подрачје на Охридско Езеро да добијат третман на заштитени шуми и на шуми од посебен интерес. Исто така, според него, неминовно е и воведување субвенции за секој еден граѓанин во сливното подрачје на Охридско Езеро кој поседува шумски зелени појаси не помалку од 1 хектар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...