fbpx

Екологистите до Владата: Прво решете дел од проблемите, па да се видиме на Вардариште

-

Граѓанските иницијативи, обединети како „Зелена револуција“, во одговорот на поканата упатена од премиерот Зоран Заев за состанок по масовниот протест против загадувањето што се одржа во петок, на 29 ноември во Скопје му порачаа  дека во овој момент простор за нови средби со претставици на Владата се возможни само доколку Владата покаже конкретна волја за соработка со граѓаните.

За да покаже дека сериозно го слушнала гласот на граѓаните, искажан на петочниот марш, како предуслов за средба со претставници на здружената еко-граѓанска иницијатива, здруженијата кои се организатори на маршот побараа Владата по итна постапка треба да реализира неколку конкретни барања од оние наведени во т.н. „Зелена книга“, а за кои не е потребно подолго време бидејќи зависат директно од волјата на премиерот и членовите на владата – велат активистите.

„Затворете ги овие почетни барања и можеме да организираме средби и за сите останати. Вардариште би било одлична локација за првата средба, заедно, Вие, Вашите министри и советници, во живо и во присуство на медиумите да ги видиме условите, дивите населби и проблемите за кои постојано читате од нашите барања, но не сте ги виделе на терен“, ѝ порачуваат на Владата 29 граѓански здруженија со еколошки предзнак, кои заедно со Fridays for future – Скопје беа коорганизатори на петочниот протест – O2 Иницијатива, Не Биди ѓубре, Скопје смог Ааарм, Мој воздух, Движење за чист воздух, Eco Guerilla, Младите од Иловица и Штука, Охрид SOS, Анима мунди и други.

Прво на листата е барањето со указ од владата да се издејствува итно носење на ДУП СИ 09 Гази Баба за некогашната депонија Вардариште, која со гоини претставува еколошка рак-рана на Скопје, а Владата да ги усвои и измените и дополните на Законот за животна средина со кои се идентификуваат и уредува постапувањето со контаминирани подрачја и тие да влезат во Собраниска процедура.

Се бара Јавното Обвинителство да отвори истрага за ОХИС во стечај, стечајната маса, продавање, склучени договори, испуштањето на токсична хемиска материја како и за палење на кабли во Скопје и за тоа кој го откупува бакарот, како се снабдуваат со кабли лицата кои ги горат.

Исто така, се бара стопирање на процедурата на усогласување на законите од областа на заштита на здравјето на луѓето, заштита на природни богатства, животна средина, заштита на културно наследство, заштита од природни и други непогоди, комунална хигиена со Законот за прекршоци, што доведе до енормно намалување на казните за овој вид на прекршоци.

Од владата се бара итно поднесување на веќе изготвената апликација за прогласување на Охридско езеро и Студенчишко блато.

На листата на ургентни барања се и довршување на започнатиот процес на одземање на концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица – Штука, за што е потребна само Владина одлука, а побарано е и одземање на истечената концесија за експлоатација за рудникот Плавица.

„Доколку постои искрена намера и желба за решавање на проблемот со загадувањето, заштитата на животот, здравјето и животната средина, овие барања можат да се реализараат во следните пет работни денови, со што конечно ќе видиме цврста намера за темелно решавање на загадувањето“, се вели во соопштението потпишано од граѓанските здруженија.

За в петок е најавен уште еден протест во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...