fbpx

„Еко-свест“: Зелениот акциски план за Скопје затворен за мислења од граѓаните

-

Зелениот акциски план за градот Скопје кој во моментов е во фаза на изработка се работи зад затворени врати, реагираат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Граѓанските организации активни во секторот животна средина, иако официјално побарале, не биле поканети на ниту една од работилниците.

„Носење на план од значење за квалитетот на живот на жителите на главниот град на нетранспарентен начин може повторно да значи погрешно потрошени пари без никакво подобрување. Оваа година градот Скопје стана еден од 29 градови во светот кои добиваат поддршка од Европската банка за обнова и развој да изработат Зелен акциски план (Green City Action Plan) со цел да започнат со решавање на најитните еколошки проблеми. Овие зелени акциски планови би требало да се носат на транспарентен начин со учество на граѓанските организации и граѓаните уште од фазата на идентификација на проблемите, меѓутоа сите презентации и работилници кои досега се одржаа како дел од овој процес во Скопје беа само со покани, а граѓанските организации и граѓаните не беа поканети“, се вели во соопштението.

Во април годинава од „Еко-свест“ испратиле барање за учество во процесот заедно со список на граѓански организации кои би можеле да придонесат во лоцирање на проблемите и изработката на зелениот акциски план, но никој не бил поканет на презентациите и работилниците.

„Изработка на акциски план кој би требало да даде насока за справување со најгорливите еколошки проблеми на градот во наредните 15-20 години, без да ги прашате жителите врз кои истиот ќе има најмногу влијание и има моќ да им го промени животот на подобро или полошо е апсурдно и се коси со сите начела на едно современо демократско општество“, вели Давор Пехчевски од „Еко-свест“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...