fbpx

„Еко герила“ бара увид во поставувањето филтри на „Југохром“

-

Движењето „Еко герила“ ја поздрави одлуката за поставување филтри на најголемиот загадувач „Југохром“. Поради сомневање и евентуално манипулирање во имплементирање на овој проект, од движењето бараат да се запознаат поблиску со програмата што треба да се имплементира, за да се спречи понатамошно загадување и труење на воздухот. Во спротивно, велат од движењето, ќе сметаат дека се работи за уште една шпекулација и за купување време за да се дефокусираат јавноста и граѓаните од проблемот со енормното загадување на воздухот.

– Исто така, бараме покрај мерењето на количествата на ПМ10, да се врши и мерење на ПМ2,5, ситните честички кои се задржуваат во белите дробови, како што се мерат во Скопје, и посериозно ангажирање на Инспекторатот за животна средина за мерење на загадувањето и поставување на филтрите во „Југохром“ – вели Аријанит Џафери, претседател на здружението „Еко герила“.

Од „Југохром“ викендов соопштија дека до крајот на годинава ќе бидат изградени филтер-станици на комбинатот. Ќе се градат три пречистителни станици, каде ќе се задржува правот од издувните гасови. Нивото на концетрацијата на ПМ10-честичките во чадот, кој ќе се испушта од оџаците, ќе изнесува минимални 10 микрограми на еден кубен метар.

„Југохром“ неколкупати не ги испочитува крајните рокови за поставување филтри дадени од Владата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...