fbpx

Екатерини Сакеларопулу е првата жена – претседател на Грција

-

Екатерини Сакеларопулу претпладнево во грчкиот парламент беше избрана за нов претседател на Грција, која на функцијата го наследува досегашниот Прокопис Павлопулос (67, чиј мандат беше обележан крајно негативен став кон Македонија. Мандатот на Павлопулос истекува во март, а Сакеларопулу фунцијата ќе ја преземе на 13 март.

Шеесет и тригодишната Сакеларопулу, која до изборот на новата функција беше претседател на Врховниот административен суд, е родена во Солун, а студирала право во Атина. Од 1981 година е во највисокиот суд во Грција, каде предминатата година стана негов претседател. Разведена е, има едно дете и живее во централна Атина.

Таа е прва жена на највисоката позиција во Грција и истовремено првиот претседател кој не е избран од редот на политичарите.

Сакеларопулу на денешното гласање доби 261 гласа од 300 пратеници. Таа беше поддржана од членовите на владејачката Нова демократија, најголемата опозициска партија СИРИЗА, како и опозициското Движење за промени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...