fbpx

ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

-

Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10 милиони ќе бидат грант средства од ЕИБ. Со овој проект ќе се изгради и операционализира станица за третман на отпадни води, која ќе опслужува преку 650.000 жители од Скопје.

Финансирањето на овој крупен инфраструктурен проект, како и неколку други идни проекти беа дискутирани на средбата помеѓу делегацијата предводена од министерката за финансии Нина Ангеловска и гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и потпретседателот на ЕИБ, Ендру МекДауел, за време на Годишните средби на групацијата Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) кои се одржуваат во Вашингтон.

Вкупната вредност на Проектот за изградба на Пречистителна станица Скопје е 136 милиони евра, од кои остатокот ќе се обезбедат од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Се очекува договорите со меѓународните финансиски институции за финансирање на Пречистителна станица за отпадни води Скопје да се потпишат до крајот на годинава.

На состанокот беше зборувано и за одобрување на дополнителни 50 милиони евра за Проектот за водоснабдување и одведување отпадни води во општините, како резултат на успешно спроведување на тековниот проект, чија вредност е 50 милиони евра.

Од страна на ЕИБ беше изразена и подготвеност за финансирање на третата делница на железничката пруга на Коридорот 8, односно од Крива Паланка до Деве Баир. Делницата е во должина од 23,4 километри, а во финансирањето на истата освен ЕИБ би учествувале и ЕБОР, а исто така би се искористиле и средства од ИПА-фондовите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...