„Ego disco“- дизајн-изложба на академијата „Џолев и уметностите“

Фото Мета.мк: Дигитална илустрација - автопортрети

Вчера се одржа финалната претставка на делата кои ги изнесоја учениците на академијата за учебната 2020/2021 година во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“. Истата се одржуваше во просториите на „Јавна соба“, веднаш по доделувањето на завршните дипломи на учениците.

Учество во концептот на „Ego disco“ (латински: Јас учам) земаа ученици од Академиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт дизајн.

Просториите на првиот кат наменети само за приказ на делата, односно колекциите од Академијата за моден дизајн.

Модни колекции – Академија за моден дизајн
Модни колекции – Академија за моден дизајн
Модни колекции – Академија за моден дизајн
Модни колекции – Академија за моден дизајн
Модни колекции – Академија за моден дизајн

Во просториите на вториот кат се наоѓаа дела креирани во областа на графичкиот дизјан, ентериер и визуелни уметности.

Во делот каде беа сместени финалните креации од академците на ентериер и дизајн продукт го сретнавме Андреј Павлов, кој работи како уредник на дизајн во списанието „Скала“.

Андреј зборуваше за задачата што ја имал по предметот Дизајн процес насловена со „Касни порасни“ и ни раскажа малку за начинот на функционално учење преку активностите кои имаат за задача да ги работат на Академијата.

Фото Мета.мк: „Каснато пораснато“ – Андреј Павлов

„Темата беше книгата „Касни порасни“ и беше под менторство на Петар Павлов и можевме да направиме било што на таа тема. Јас во последниве две години активно се бавам со дизајн на корици на книги, и ја избрав таа насока. Открив дека оваа годиан е 40 години од Петре М. Андреевски и направив вид на фиктивна изложба што ја именував со „Каснато пораснато“ наместо „Касни порасни“, сподели авторот.

„Има две црешнички што висат од кои едната недостасува што го симболизира секој кој веќе каснал и проаснал и пробал со касни порасни. Другата е тука за сите оние следни генерации што треба да се приклучат кон процесот на читање на книгичката.“ – појасни Андреј.

Тој додаде и дека бреднингот сега е фиктивен но би продолжил да работи за истиот да стане вистински доколку забележи заинтересираност или добие уште некои идеи. Со фиктивниот бренд Павлов има креирано и беџови и карти.

Андреј како главен уредник за дизајн во магазинот „Скала“ вели дека тој и останатите колеги работат на дизајн за визуелицации на одредени теми користејќи го илустратор што му додава, убав и оригинално креативен зачин на самиот изглед на списанието.

Фото Мета.мк: Дигитална илустрација – автопортрети

 

Фото Мета.мк: Фотографии – курс по фотографија

„Џолев и уметностите“ е школа за уметност и дизајн којашто веќе деветта година по ред креира и организира програми во вид на академии, курсеви, обуки, предавања
и работилници од областа на уметноста, дизајнот и науките блиски на уметноста. Школата нуди избор од пет академии и голем број на курсеви распределни во пет различни области од уметноста и креирањето.