Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), со најдлабока загриженост реагираат на начинот на кој некои медиуми и новинари известуваа за трагичниот случај со младата девојка од Косово, која го загуби животот во Тетово на 5 ноември. Како што велат оттаму, наместо професионално, етичко и родово сензитивно информирање, сведоци сме на објави кои сериозно ги прекршуваат основните новинарски принципи: користење на предрасуди, откривање на лични податоци и ширење шпекулации за приватниот живот на жртвата.
„Таквите практики не само што го нарушуваат човековото достоинство, туку ја ревиктимизираат девојката која веќе не може да се одбрани. Изјавата на новинарот Невриј Адеми, дадена за косовски медиум, содржи неосновани тврдења и предрасуди кои претставуваат сериозно прекршување на Кодексот на новинарите на Македонија. Одговорното новинарство не смее да се темели на гласини и инсинуации, посебно кога се работи за трагичен настан и за жртва. Дополнително, длабоко сме загрижени и за нападите и јавниот линч насочени кон новинарката и активистката Рита Бехадини, која стана мета на говор на омраза и деградирачки напади поради нејзините јавни ставови“, наведено е во соопштението.
Нападите врз новинарките и активистите се форма на родово базирано насилство и обид да се замолчи женскиот глас во јавниот простор.
„Ги повикуваме медиумите и новинарите во Македонија, Косово и Албанија да ги почитуваат професионалните стандарди и новинарската етика, особено при известување за жртви и чувствителни случаи. Советот за етика во медиумите и Здружението на новинарите на Македонија да ги разгледаат прекршувањата и да преземат соодветни мерки, а јавноста да покаже достоинство и емпатија кон семејството на жртвата, без ширење на сензационализам и родови предрасуди. Новинарството е средство за информирање и осветлување на вистината, а не за поттикнување предрасуди. Зборовите имаат тежина и во рацете на еден новинар тие треба да бидат средство за правда, а не за штета и сензација“, се додава во соопштението.
Вчера за случајот реагираше и
