fbpx

Една од три бензински станици во Грција ги краде клиентите

-

Една од три бензински станици во Грција ги краде своите клиенти за 7 до 15 евроценти по литар гориво. Како што пренесува весникот „Етнос“, ова се резултатите од тајната истрага на грчкото министерство за економија кое покажало дека 30 отсто од испитаните пумпи вршат малверзации и наплаќаат повеќе за помалку наточен бензин.

Истрагата, спроведена за да се откријат нерегуларности во работењето на бензинските станици и во продажбата на нафта и на горива, открила дека една од три бензински во Атина ги имаат прилагодено во своја корист пумпите и точат многу помалку гориво од тоа што се прикажува, „олеснувајќи“ го џебот на потрошувачите за 5 до 11 отсто. Целата истрага се врши со тајно возило кое има посебен резервоар што може да го измери точното количество наточен бензин и да процени колкаво количество бензин „бега“ од пумпата иако се наплатува сума како да е наточен.

Грчката влада уште пред една година најави дека дел од нејзината програма е борбата против нелегалната трговија со нафтата и со горивата. Според информациите во Грција, 25 отсто од горивото за бродови се пласира на пазарот како дизел-гориво, а 15 отсто од нафтата за греење се продава како гориво за возила. Постарите вакви тајни истражувања покажале дека 10 отсто од бензинските станици низ земјата манипулираат со пумпите и ги крадат потрошувачите.
Проценките на пазарот на нафта и на горива во Грција покажува пад во потрошувачката поради финансиската криз и зголемувањето на даноците за горивата и за нафтата за греење. Според информациите од грчката статистичка служба, во периодот од 2010 до 2015 година имало значителен пад на потрошувачката на бензин:
– Во 2011 година потрошувачката се намалила за 9 отсто во споредба со претходната година;
– Во 2012 година потрошувачката опаднала за 13,5 отсто во споредба до 2011 година;
– Во 2013 година падот бил уште поголем и потрошувачката е намалена за 17,2 отсто во споредба до 2012 година;
– Во 2014 и во 2015 година имало мало зголемување на потрошувачката од 1,3 отсто и од 5,7 отсто.

Економскиот портал „Капитал“ (Capital.gr) пренесува дека годинава има постојано опаѓање нa потрошувачката и повикувајќи се на неофицијални информации, пренесува дека има пад на потрошувачката на бензин од 14 отсто само во јуни.

Бензинот во Грција се продава по цени од 1,1 до 1,4 евра за еден литар, а со новиот закон со зголемен ДДВ, од први јануари 2017 година, цената ќе се зголеми за 8-9 евроценти по литар.

Проценките се дека ваквите трендови ќе доведат до уште поголем удар на секторот на продажба на бензин и на нафта на мало во Грција. Намалената потрошувачка удри силно на еден од гигантите на грчкиот пазар, компанијата „Џетоил“, која имаше 600 бензински станици низ целата земја и 10 отсто удел во грчкиот пазар за нафта и на горива. Компанијата е пред банкрот, а еден од основачите и сопствениците, Кирјакос Мамидакис, вчера изврши самоубиство во својот дом во Атина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...