Една лажна дојава за бомби на 12 адреси, Скопје повторно блокирано

-

Со една електронска порака со лажна закана за поставени бомби на 12 локации, и покрај тоа што блокадите на приватните превозници беа делумно отстранети, градот Скопје денеска повторно беше блокиран.

Покрај седум средни училишта, кои подолг период се мета на ваквите хибридни напади, денеска закана стигна и до Железничката станица, до полициската станица Беко во центарот на градот, до два трговски центри, „Ист Гејт“ и „Бисер“, како и до зградата „Адора Флатирон“.

Сите објекти беа евакуирани и се вршеа проверки од страна на полицијата, по што од МВР соопштија дека дојавата е лажна.

„Полициски службеници презедоа мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, информираа од МВР.

Новинарите на Новинската агенција Мета.мк добија копија од мејлот со лажната закана. Специфично е што овој пат се вели дека се поставени не една, туку повеќе бомби на секоја локација.

Така, посочено е дека во Железничката станица има шест бомби, во трговскиот центар „Ист Гејт“ три бомби, во станбената зграда на Адора три бомби од кои една на поткровјето, а другите „во јавниот дел на зградата“.

Понатаму, друга карактеристика е што оваа порака изобилува со антизападна реторика и омраза.

„Време е Скопје, како епицентар на токсичната про-западна мисла, центар на изјадништво и предавство на татковината да го добие тоа што го заслужува“, пишува во мејлот.

На крајот од содржината испраќачот напишал „Смрт на НАТО, Смрт на ЕУ, Смрт на фашистите“.

Она што е слично со претходните пораки со лажни закани, е дека јазикот е нелитературен македонски, со очигледни граматички грешки.

Лажните дојави кои од крајот на октомври почнаа да стасуваат на адресите на средните училишта, како што рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, се всушност хибриден напад. На почетокот на декември, малолетник призна дека тој лично испратил една од заканите за поставена бомба во четири средни училишта. Сепак, засега Министерството за внатрешни работи не може да открие кој навистина стои зад овие терористички закани.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...