fbpx

Една година по протестите уште се чека законот за Водно

-

Речиси една година откако беше најавен дека ќе биде донесен во најкус можен рок, законот за заштита на Водно се уште е заглавен во институционалните лавиринти. Во подготовката на законот, покрај Град Скопје учествува и канцеларијата на Програмата за развој на Обединетитие нации (УНДП).

Како што е познато, проблемот кој се појави со трасата за изградба на гасоводот на делницата Скопје Гостивар преку Водно и протестите на еко-активистите на „Го сакам Водно“ минатиот август, резултираше со ветувања на градската и на централната власт дека Водно ќе биде заштитено со закон од идни нарушувања на неговите природни карактеристики и од уништување на вегетацијата на планината.

– Предлог студијата за валоризација за Водно заедно со зонирањето е подготвена и испратена на коментитрање до град Скопје и општините, а потоа треба да следи донесување на закон за заштита на водно и дефинирање на управувач на заштитеното подрачје, вели Методија Саздов од УНДП.

– За во септември се планира јавна расправа. Идејата е град Скопје да формира јавно претпријатие за управување со заштитените подрачја и целта на проектот на УНДП е всушност да му помогне на градот во активностите околу започнување со работа на оваа институција и градење на нејзините капацитети. Очекувам доколку нема правни пречки дека Законот за Водно може да се донесе до крајот на 2019 – информира претставикот на УНДП.

Во екот на протестите против гасоводот преку Водно заменик-министерот за животна средина Јани Макрадули најави итно донесување на закон за Водно како и на закон за заштита на пределот на Матка. Владата го задолжи Министерството за животна средина во рок од 30 дена да го изготви текстот на законот со кој, како што беше кажано конечно ќе се уреди статусот на Водно и ќе се заштити од понатамошна урбанизација и уништување иако имаше коментари дека се работи за нереално кус рок

Ова задолжение од Владата дојде откако стана јасно дека тоа што статусот на оваа планина не е докрај законски решен, овозможило реализација на проекти со кои се уништува голем дел од вегетацијата и природните хабитати на Водно.

Градската администрација тврди дека активно работи на носење на закони со кои посебно ќе се заштитат Водно и Матка како природни богатства.

„Се што е во наша надлежност се превзема за завршување на овие постапки со цел заштита на овие локалитети, додека самото носење на законите е во надлежност на министерствата и секако Собранието на РСМ“, стои во писмениот одговор од службите на Градот во одговор на прашањето до каде е подготовката на законските основи за заштита на Водно.

– Сите рокови за носење на планот за ревитализација на Водно поминаа, но сè уште се надеваме дека инертноста што ја покажуваат институциите ќе се надмине и дека набрзо ќе имаме соодветни информации и соработка – вели Татјана Стојановска од „Го сакам Водно“, појаснувајќи дека во моментов паралелно се одвиваат два процеса поврзани со заштита на Водно – изработка на законот за Водно и на планот за пошумување.

Средствата за пошумување беа обезбедени од Владата уште лани како надомест за градбата на гасоводот низ Водно.

– Во однос на законот за Водно, конкретно за студијата за валоризација за Водно заедно со зонирањето, имаме голем број на забелешки и истите ќе ги изнесеме на јавната расправа – вели Стојановска.

Од Шумарскиот факултет, кој беше ангажиран заедно со ЈП Паркови и зеленило да изготви план каде и како да се пошумува Водно во замена на уништената шума од гасоводот, како и од останатите проекти кои беа почнати на оваа планина од претходната власт, неофицијално велат дека тие го завршиле нивниот дел и дека наскоро ќе се излезе и во јавност со конкретниот план за пошумување. Ова беше едно од барањата на еко-активистите кои се бореа против изградба на гасоводот, откако стана извесно дека цевките сепак ќе поминуваат низ парк-шума Водно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...