fbpx

Една четвртина од новозаболените од ковид-19 се од Штип – рекордни 60 позитивни

-

Изненадувачки висока бројка од 60 новопотврдени случаи на ковид-19 од Штип влезе вчера во билтенот на Министерството за здравство. Половина од новозаболените се утврдени со скринингот во текстилна компанија, чиј сопственик неделава, по појавата на заболен, нарача тестирање за сите над сто вработени.

Останатите 30 новозаболени, според директорката на Центарот за јавно здравје од Штип, Марија Димитрова се работници од четири други штипски конфекции, нивните семејства и контакти. Индикативно е дека во епидемилошката анкета заболените потврдуваат дека имале голем број на контакти и даваат податоци за 15 до 20 луѓе, што за епидемилозите е податок кој укажува дека не се почитуваат препораките целосно.

Со вчерашните случаи, потврдено е присуство на корона вирусот во вкупно 11 текстилни компании и една за изработка на чевли. Меѓу новозаболените се и работници од две поголеми компании, каде работат меѓу 300 и 500 работници.

Од Центарот за јавно здравје потврдуваат дека од матичните лекари постојано стигнуваат упати со нови пациенти со симптоми, за кои се бара тестирање. Само вчера, според директорката Димитрова, се земени 50 брисеви, од кои дел се контролни.

Работата станува крајно сериозна, сметаат епидемиолозите, поради што уште пред некој ден е побарано да се вклучи и Министерството за здравство. Дали ќе се прават нови скринизи во конфекциите или ќе се преземат други мерки, зависи од одлуката на Министерството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...