Една четвртина од македонските граѓани „живеат за денес, немислејќи за утре“

-

Една четвртина (25 отсто) од македонските граѓани се согласуваат со ставот „живеј денес и не мисли за утре“, 17 отсто се неутрални по ова прашање, а 51 отсто не се согласуваат со ваков начин на живот. Ова се дел од резултатите од анкетата на ОЕЦД и ИНФЕ објавени во извештајот „Финансиската писменост на возрасните во Југоисточна Европа“, во кој се мери степенот на финансиска писменост на населението од овој регион.

Според извештајот, анкетираните граѓани од Бугарија, Северна Македонија, Хрватска, Грузија, Молдавија, Црна Гора и Романија се загрижени и под стрес за нивната финансиска состојба и можноста за ги покријат животните трошоци.

Земја со најголемо незадоволство од овој аспект е Грузија (58 отсто од анкетираните), а земји со најзадоволни граѓани се Хрватска и Северна Македонија, каде само 36 отсто од возрасните искажале дека се незадоволни од нивната финансиска состојба.

Инаку, мерењето на финансиската писменост покажа дека возрасното население од Југоисточна Европа постигна околу 57 отсто од можниот максимум, што е пониско од постигнатите резултати на земјите од ЕУ и ОЕЦД, добиени преку истата методологија од истражувањата, од 64 отсто и 65 отсто, соодветно.

Од Народната банка велат дека значајно е да се истакне дека оваа публикација ги опфаќа резултатите од второто мерење на нивото на финансиска писменост кај возрасното население во Северна Македонија.

Оттаму додаваат дека првото мерење е извршено во првиот квартал на 2018 година. Добиените резултати од двете мерења се споредливи, со оглед на тоа што во двете анкети е употребена иста методологија. Од НБМ велат дека бидејќи станува збор за релативно краток временски период во којшто се спроведени двете мерења, агрегатниот резултат е ист.

„Имено, населението во Северна Македонија и во 2018 и во 2019 година оствари 56 отсто од максимумот, или агрегатен показател 11,8 (од кои 3,9 за финансиските знаења, 5,1 за финансиското однесување и 2,8 за финансиските ставови). Во споредба со структурата на показателот во 2018 година, има само мали поместувања (во 2018 година кај финансиските знаења е 4, за финансиското однесување е 5 и исто ниво од 2,8 е за финансиските ставови). Резултатите од првата, како и од втората анкета укажуваат на тоа дека е потребна поголема информираност и едукација на населението за употребата на различните современи банкарски и други финансиски производи и услуги“, соопшти Народната банка.

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од Мелони, се...

(ВИДЕО) Автомобил удри студентка на блокадите во Белград, возачот е осомничен за тешко убиство во обид

Дваесетгодишна девојка добила тешки повреди откако во неа удрил автомобил за време на студентските блокади на улицата „Рузвелтова“ во Белград, Србија, објави Н1, повикувајќи се на извори од белградската служба за...

Деветгодишно дете од Свети Николе почина на Детската клиника, било донесено во тешка здравствена состојба

Од детската клиника во Скопје потврдија дека во вторникот кај нив било донесено деветгодишното дете од Свети Николе, кое починало по неполни два часа. Како што информираат оттаму, детето било донесено во...

Компанијата Нинтендо ја најави конзолата „Switch 2“ која ќе пристигне оваа година

Денот конечно пристигна, бидејќи Nintendo официјално го најави излегувањето на Nintendo Switch 2, најлошо чуваната тајна во видео игрите, пренесува Инсајдер Гејминг. Во кратко двоиминутно видео на интернет, Nintendo потврди целосен дизајн...

Албанскиот премиер ја изненади италијанската премиерка Мелони со шал и роденденска песна

Албанскиот премиер Еди Рама ѝ подари шал на италијанската премиерка Џорџиа Мелони, и ја изненади со роденденска песна за нејзиниот 48-ми роденден, пренесува Ројтерс. Рама, кој е многу повисок од...