fbpx

Едмонд Темелко, третпат градоначалник на Пустец

-

Според првите неофицијални резултати од вчерашното гласање на локалните избори во Албанија, Македонците во општина Пустец го освоија градоначалничкото место и осум од вкупно 15 советници, со што и понатаму ќе ја контролираат локалната власт во областа Мала Преспа, населена само со етнички Македонци.

Кандидатот на Македонската алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко, освои 80 отсто од гласовите, или вкупно 2.076, пред кандидатот на Демократската партија, Михалик Апостолоски, со 488 освоени гласа.

Темелко, кој и досега во два мандата ја водеше општината, упати јавна благодарност до сите што гласаа за него и за МАЕИ.

Генералниот секретар на партијата, Васил Стерјовски, изјави:

– Македонска алијанса за европска интеграција повторно ја освои општина Пустец. Едмонд Темелко повторно е реизбран за градоначалник на Пустец. Македонска алијанса го освои и мнозинството во Советот на Општина Пустец. Очекуваме успеси на Македонска алијанса и во другите општини каде што имаме советнички листи.

Во Албанија вчера се гласаше на локалните избори, кои првпат се организираат според новата административно-територијална поделба, која наместо некогашните 363 оштини, сега има само 61. Освен 61 градоначалник, повеќе од 3,3 милиони гласачи, треба да изберат и 1.595 членови на општинските совети.

Единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), настапи како дел од широката лева коалиција на премиерот Еди Рама, но само со кандидатот за градоначалник на Пустец, додека за сите 16 кандидатски листи за советници (од вкупно 61 општина), настапи самостојно.

На кандидатски листи во трка за советничко место има вкупно 200 Македонци, што е најголема бројка досега.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...