fbpx

Единаесет лица една година терале дете на полови дејствија за сума од 50 до 200 евра

Сторителите на делото, искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, го подведувале на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација, за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, информира МВР

-

Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“, кое го извршиле 11 лица.

„Во периодот од 2020 година до септември 2021 година Г.Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С.С., А.П. и К.Х., го сториле делото така што го подведувале на вршење полови дејствија по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р.А., И.З., И.Е., А.М., Ќ.Ќ., Ф.А. и А. Ш., за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист“, информира Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд – Скопје, во Тетово на две локации извршени биле претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, а во Гостивар лишени од слобода биле две лица. Едно лице се наоѓа надвор од државата.

„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г.Ш. (51) од Тетово за кривично дело „трговија со дете“ (418-г став 2), С.С. (59) од Тетово за „трговија со дете“ (член 418-г став 1 и став 3), А.П. (67) од Тетово и К.Х. (50) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 1) и Р.А. (69), И.З. (55), И.Е. (67), А.М. (50), Ќ.Ќ. (53) и Ф.А. (63), сите од Тетово и А.Ш. (51) од Гостивар за „трговија со дете“ (член 418-г став 3) од Кривичен законик“, информира МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...