Албанскиот премиер Еди Рама упади остро предупредување до порталите поради ширењето вести за земјотресите, со коишто се зголемува паниката кај населението во Албанија по трагичниот земјотрес рано утрото на 26 ноември, јавува Порталб.мк.

„Сакам последен пат да ги предупредам порталите и телевизите дека според законските рамки и прогласената итна состојба, ќе бидам приморан да интервенирам остро и да ги затворам сè до завршувањето на оваа драматична фаза доколку продолжат да пласираат лажни вести и да шират паника. Во оваа вонредна состојба, кога секој збор мора да се мери, крајно неприфатливо е да се објавува шарлатанизам од локални или од странски извори или да се извртуваат изјавите и објаснувањата од експертите.ПРЕСТАНЕТЕ ВЕДНАШ! ВО ОВОЈ МОМЕНТ!!!“, напиша Рама на Твитер.