fbpx

Еди Рама присуствуваше на промотивниот лет на „Ер Албанија“

-

Албанскиот премиер Еди Рама на 15 септември присуствуваше на првиот лет на „Ер Албанија“. Иако албанскиот премиер вели дека „Ер Албанија“ е албанска компанија, официјалните документи откриваат дека сопствеништвото на компанијата е помеѓу три страни, „Туркиш Ерлјанс“ со 49 отсто, државната агенција „Алб Контрл“ со 10 проценти и компанијата основана во Валона МДН Ивестмент со 41 отсто.

Рама им се заблагодари на „Туркиш Ерлајнс“ и на турскиот претседател Ердоган за нивната поддршка во формирањето на компанијата.

На летот од Тирана до Истанбул како патници беа студенти кои постигнале одлични резултати.

Албанската опозиција реагираше дека овој лет е само додатен лет на „Туркиш Елјанс“. Тие го обвинија Рама за ширење пропаганда бидејќи компанијата се уште не е лиценцирана под албански код.

На ова обвинување, преку „Фејсбук“ одговори Крислен Кери, извршниот директор на Цивилната авијација кој не ги демантираше официјалните документи кои го спомнуваат сопствеништвото на „Ер Албанија“, туку ја прецизираше динамиката на овој аранжман. Според него „Ер Албанија“ ќе има корист од компанијата за одржување на компанијата „Туркиш Текник“, лидер во оваа област со седиште во Истанбул. Тој додаде дека „Ер Албанија“ ќе има пристап во Авијациската академија на „Туркиш Ерлајнс“ и дека албанскиот персонал и пилотите ќе бидат обучени таму.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...