Едно лице го загуби животот, а тројца се повредени откако утрово „фиат добло“ удри во публиката на музичкиот фестивал „Пинкпоп“, кој се одржува на југот на Холандија. Во моментот на нападот настапувал музичарот Бруно Марс.

Возачот потоа избегал со автомобилот и полицијата трага по него во Ландграф, град на југот од Холандија, кој се наоѓа на неколку километри од границата со Германија.