fbpx

Еден починат и 141 нов случај на ковид-19

-

Во последните 24 часа, регистрирани се 141 нов случај на ковид-19 од направени 866 тестови, пријавено е едно починато лице и 84 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новорегистрираните, од Скопје се 79, Прилеп и Кавадарци – по 9, Куманово и Битола – по 7, Охрид – 6, Тетово – 4, Велес – 3, Кичево, Гевгелија и Ресен – по 2, Гостивар, Штип, Кочани, Струга, Неготино, Радовиш, Крива Паланка, Делчево, Берово, Кратово и Богданци – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (141), регистрирани се 45 реинфекции. Од оздравените пациенти, од Скопје се 50, Кавадарци – 7, Штип – 6, Прилеп – 5, Крива Паланка – 3, Куманово, Битола и Гевгелија – по 2, Охрид, Тетово, Велес, Кочани, Свети Николе, Валандово и Крушево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, пријавено е едно починато лице од Скопје (84г), во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.160.118 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 341.889, бројот на оздравени пациенти е 331.679, на починати е 9.516, а бројот на активни случаи изнесува 694.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...