„Е-општество“: Западен Балкан е мета на дезинформации и странски влијанија, институциите треба повеќе да работат во оваа насока

Руското и кинеското влијание, меѓуетничките тензии, дигиталната безбедност и најразновидните дезинформации се само дел од наративите што се шират во овие земји. Институциите не прават доволно за да се борат со овие проблеми, додека граѓанското општество останува на фронтот на војната

-

Дезинформациите и странските влијанија циркулираат во различни форми во земјите од Западен Балкан и на тој начин создаваат штетни последици во овие општества. Руското и кинеското влијание, меѓуетничките тензии, дигиталната безбедност и најразновидните дезинформации се само дел од наративите што се шират во овие земји. Институциите не прават доволно за да се борат со овие проблеми, додека граѓанското општество останува на фронтот на војната, се наведува во извештајот на Порталб.мк.

Ова, меѓу другото, беше истакнато на панелот на тема „Борба против дезинформации – политички и безбедносен предизвик на Западен Балкан“, во рамки на Меѓународната конференција „Е-општество“ на Фондацијата Метаморфозис денеска во Скопје.

Горан Ризаов, координатор на програми во Фондацијата Метаморфозис и главен уредник на новинската агенција Мета.мк зборуваше за нивниот аналитички извештај за што властите во Северна Македонија преземале во справувањето со дезинформации.

„За жал, можам да кажам дека речиси ништо не е направено во последните десет години“, рече Ризаов.

Тој додаде дека законодавната власт е особено неактивна во овој аспект. Според него, донесени се некои закони и стратегии кои индиректно влијаат на справувањето со дезинформациите но, прашање е колку се тие планови исполнети. Тој заклучи дека граѓанските организации се оние што преземаат најмногу активности на ова поле.

„Слободно може да се каже дека граѓанските организации се тие кои најмногу се активни во справувањето со дезинформациите“, рече тој.

Ризаов ја наведе како пример Фондацијата Метаморфозис која е една од најактивните на ова поле.

Според него, еден од наративите кои се дистрибуираат е оној со етнички карактер, којшто има тенденција да ги наруши меѓуетничките односи во земјата.

Конференција на E-society.mk (2024)/Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Никола Петровиќ, извршниот директор на Центарот за меѓународни и безбедносни прашања ISAC, тинк-тенк организација од Србија, зборувајќи за ситуацијата во Србија, нагласи дека кружат многу дезинформации и дека истите заедно со странските влијанија се присутни и на Балканот и во Србија.

Петровиќ меѓу другото го истакна присуството на руски Спутник во Србија. Тој рече дека дезинформациите имаат директно влијание врз Србија

„Најголемото прашање е што Србија стана многу ксенофобична“, рече тој и меѓу другото додаде дека ваквите манипулативни наративи кон народот се расфрлани насекаде.

Светлана Силјановска, консултант за стратешки комуникации со експертиза за справување со дезинформации, нагласи дека е исклучително важно да се разберат двете страни, кој ја создава дезинформацијата и зошто, како и кон кого е таа упатена.

Таа истакна дека во Северна Македонија постојат организации кои се борат против дезинформациите, но секој ден се гледаат штетни наративи, со посебен акцент на демократијата.

Конференција на E-society.mk (2024)/Фото: Фисник Џелили/Порталб.мк

Ваквите проблеми се доста предизвикувачки теми, но секогаш мора да се прави разлика помеѓу дезинформации и дезинформации што се прават злонамерно. Така вели Џована Флек – уредник и проект менаџер во Global Voices. Таа, меѓу другото, го истакна влијанието на дезинформациите бидејќи, како што рече, „знаеме колку е кревка демократијата“.

Учесниците на конференцијата ги споделија своите ставови и состојбата со дезинформациите во земји како Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово.

Во меѓувреме, во текот на целиот ден на конференцијата имаше и изложба на уметнички инсталации, промоција на кратки видеа на „Hive Mind“ како и изложба на публикации избрани од Метаморфозис.

20-тото издание на Меѓународната конференција „Е-општество“ во организација на Фондацијата за општество и интернет „Метаморфозис“, оваа година се совпаѓа со 20-годишнината на „Метаморфозис“, а ќе продолжи и утре, на 6 ноември. Темата за оваа година е „Дигитална трансформација за подобар живот“.

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...