ДЗС: Трошоците на живот во 2024 година се зголемиле за 3,5 отсто, а цените на мало за 3,8 отсто

Пораст на индексите е забележан во сите групи, кај трошоци за здравје има раст од 5,3 отсто, за разновидни стоки и услуги порастот е за 5,1 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3,8 отсто, облека и обувки за 3,1 отсто, комуникации, храна и пијалаци за 2,9 отсто“, соопшти ДЗР

Фото: Мета.мк

Според официјалните мерења, индексот на трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележи пораст од 3,5 отсто, а индексот на цените на мало има пораст од 3,8 отсто, соопшти денеска Државниот звод за ревизија (ДЗР).

„Пораст на индексите е забележан во сите групи. Кај трошоци за здравје има раст од 5,3 отсто, за разновидни стоки и услуги порастот е за 5,1 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3,8 отсто, облека и обувки за 3,1 отсто, комуникации, храна и пијалаци за 2,9 отсто“, соопшти ДЗР.

Пораст на индексите е забележан и во групите: Ресторани и хотели за 9,9 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7,6 отсто, здравје за 5,3 отсто, разновидни стоки и услуги за 5,1 отсто, рекреација и култура за 4,9 отсто, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 3,8 отсто, облека и обувки за 3,1 отсто, комуникации, храна и безалкохолни пијалаци за 2,9 отсто, транспорт, домување, вода, електрика, гас и други горива за 1,4 отсто и образование за 0,2 отсто.

„Полека, но сигурно во втората половина на декември се стабилизираа цените на основните производи кои дел од трговците вештачки ги поткренаа што претставуваше голем шок и удар за граѓаните. Преку Инспекторатот внимателно ја следиме состојбата и ќе интервенираме ако е потреебно, а можеме да интевренираме веднаш со ограничување на цените, но сакаме да не го употребиме тој инструмент“, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.