fbpx

ДЗС: Пописот успорен поради технички предизвици со апликацијата за попишување

-

Државниот завод за статистика (ДЗС) извести дека уште се работи на надминување на техничките предизвици што се појавуваа претходните денови, кога на терен имаше висок интензитет на попишување. Истовремено, оттаму предупредуваат дека нивниот веб-сајт е цел на напади.

„Пописните активности на терен течат, не се прекинати, а се спроведуваат со намален интензитет со цел техничкото усогласување да се заврши во најкраток можен рок и час поскоро процесот да продолжи со висок интензитет како и до сега. Ова се должи на техничките интервенции кои се вршат во софтверот за пописната апликација поради што се диктира и прилагодува темпото на попишување заради санирање на пречките кои доведуваа до успорување на пописната апликација“, порачува Статистика.

Истовремено, како што велат од таму, во последниве денови, „веб-страниците на Државниот завод за статистика се под постојани напади и затоа во одредени периоди не се достапни поради заштитите што се користат за спречување на овие напади“. Уверуваат дека страниците се со највисоко ниво на безбедност, а податоците се заштитени на повеќе нивоа по највисоките ИТ стандарди.

„Апелираме до јавноста да има разбирање за овие технички проблеми кои се вообичаени кога станува збор за масовни операции со користење на напредни технологии и повторуваме дека процесот на попишување е во рамки на планираното и очекуваното и тој ќе биде целосно, успешно и крајно професионално завршен до 30 септември“, велат од ДЗС.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Измама: Лажен доктор нуди лажен лек за болки во зглобови

Ова е типична онлајн измама која неетички ја користи маката што ја имаат некои луѓе со болести на зглобовите, со цел да ги намами да потрошат еден куп пари...