fbpx

ДЗС: Пад на невработеноста од 17,3 отсто лани на 16,7 отсто во второто тримесечје од годинава

-

Намалување на бројот на невработените лица во државава, евидентира Државниот завод за статистика (ДЗС) за периодот од второто тримесечје од годинава. Во овој период имало 159.623 невработени лица, додека во цела 2019 година бројот на невработените изнесувал 166.363, или стапката на невработеност лани била 17,3 отсто, додека во второто тримесечје од 2020 таа изнесува 16,7 отсто. Според денешните податоци на ДЗС, во периодот април-јуни 2020 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 953.039 лица, од кои вработени се 793.416, додека лани во истиот перид имало 794.283 вработени.

Стапката на активност годинава во второто тримесечје изнесува 56,5, a стапката на вработеност e 47,1 отсто и е истата како во ланското второ тримесечје. Воедно, стапката на невработеност паднала од 17,5 отсто во ланското второ тримесечје, на 16,7 отсто истиот период годинава, или за 0,8 отсто.

Според возраста, најголем е процентот на вработеност кај лицата од 25 до 49 години (67,2 отсто), а најмал на 65 и плус години (4,5 отсто). Кај невработените, пак, најголема е групата на возраст од 15 до 24 години каде невработеноста е 33,8 отсто, а најмала е кај лицата на возраст од 50 до 64 години (13,4 отсто).

Најголем број на вработени во второто тримесечје од годинава ДЗС евидентира во преработувачката индустрија, 157.381 лица, а од нив, речиси сите работеле во фирми во приватна сопственост (156.180). Најмалку, пак, вработени имало во дејноста рударство и вадење камен – 7.076 лица.

Според школската подготвка, од вкупното вработено население (793.416), најголем е бројот на вработените со четиригодишно средно образование – 369.535. Со незавршено основно образование се евидентирани 17.789 лица од активното население во државата, од кои во работен однос во второто тримесечје биле 13.320 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...