fbpx

ДЗС: Од јануари до ноември 2020 остварен е трговски дефицит од 1,7 милијарди долари

-

Трговскиот дефицит во размената со странство во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 1.774.394 илјади долари, објави Државниот завод за статистика. При тоа, вкупната вредност на извозот на стоки од РСМ во тој период изнесува 5.970.157 илјади долари и бележи пад од 9,9 отсто, во однос на истиот период од 2019 година. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 7.744.550 илјади долари, што е за 9,7 отсто помалку во споредба со истиот период од една година преходно.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – ноември 2020 година, изнесува 76,9 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо било учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот биле најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Во периодот јануари – ноември 2020 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, РСМ најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...