fbpx

ДЗС: Намален бројот на доктори на науки и на магистри во 2022 во споредба со претходната година

Најголем број од лицата, 31 отсто, лани докторирале во областа на здравството и социјалната заштита

-

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2022 година, звањето доктор на науки го стекнале 197 лица, што претставува намалување за 2 отсто во споредба со 2021 година.

Најголем број од лицата, 31 отсто, докторирале во областа на здравството и социјалната заштита, потоа 17.8 проценти во бизнисот, администрацијата и правото, понатаму следат општествените науки, новинарството и информирањето со 10.2 проценти, и уметноста и хуманистичките науки со 9.1 процент.

99 жени одбраниле докторска дисертација во текот на 2022 година, што претставува нешто над 50 од вкупниот број лица што докторирале во истата година.

Најголемиот процент од вкупниот број лица што докторирале, односно 25.9 проценти, според ДЗС, ја вршат својата професија во дејностите на здравствената и социјалната заштита.

Звањето магистер на науки, пак, лани го стекнале 1.590 лица, додека 293 станале специјалисти. Во споредба со 2021 година, бројот на магистри и специјалисти е намален за 4.7 отсто.

Учеството на жените магистри во вкупниот број лица што го стекнале овој научен степен изнесува нешто над 61 процент.

Најголем дел од магистерските трудови, односно 38.4 отсто се од областа на бизнисот, администрацијата и правото, 18.5 проценти се од областа на инженерството, производството и градежништвото, по што следат општествените науки со 15.1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почнаа геомеханичките испитувања за изградба на автопатите на Коридорот 8

Со активности за геомеханичко испитување на земјиштето каде ќе минува алтернативниот пат на автопатот Тетово-Гостивар денеска на терен започнаа со реализација теренските градежни работи за изградба на автопатите на...
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download WordPress Themes
download udemy paid course for free
download mobile firmware
Download WordPress Themes
udemy paid course free download