fbpx

ДЗС: Минатата година индустриското производство опаднало за 9,5 отсто

-

За една година индустриското производство во земјава се намалило за 9,5 отсто, покажаа последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), според кои индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2020 година, во однос на периодот јануари – декември 2019 година, изнесува 90,5. Неговиот индекс пак во декември 2020 година, во споредба со истиот месец од 2019 година, е 102,5, односно индустриското производство во последниот месец се зголемено за 2,5 отсто.

Гледано по сектори, производството во рударство и вадење на камен лани во декември, во однос на декември 2019 година, забележало пораст од 10,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија растот е 3,3 отсто, додека во снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има опаѓање од 6,1 отсто.

Растот во преработувачка индустрија се должи на зголеменото производство на  прехранбени производи, текстил, производи од гума и од пластични маси, други неметални минерални производи, метали, електрична опрема и на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, индустриското производство во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, е намалено кај енергијата за 3 отсто, трајни производи за широка потрошувачка за 10,9 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,9 отсто, додека раст е забележан кај интермедијарните производи, освен енергија, за 16,6 отсто и кај капиталните производи за 1 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...