fbpx

ДЗС: Досега евидентирани 1.037.309 лица во земјава во рамки на пописот на населението

-

На 11 дена пред крајот на рокот за завршување на пописот, бројката на попишани лица во земјава се искачи над еден милион, соопшти Државниот завод за статистика. Заклучно со вчерашниот ден до 20 часот, биле попишани 1.037.309 лица, 323.286 домаќинства и 438.705 станови ширум земјава.

Бројот на самопопишани лица од дијаспората преку апликацијата за самопопишување изнесува 193.370.

Пописот започна на 5.09, а треба да заврши на 30 септември.

Од ДЗС велат дека пописот се одвива без пречки, а мал е бројот на оние кои одбиле да се попишат. Тие се дополнително контактирани од државните инструктори.

Од Државниот завод за статистика во неколку наврати повторија дека спроведувањето на пописот е статистичка, а не политичка операција.

„За оние граѓани кои стравуваат од ширење на ковид-19, може да побараат да ги попише вакциниран попишувач или пописот да го извршат надвор од нивниот дом“, велат од ДЗС.

Честитки до попишувачите и Државниот завод за статистика по повод надминувањето на бројот од 1 милион попишани лица вчера упатија премиерот Зоран Заев и министерот за правда Бојан Маричиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...