ДЗР: Загубите во работењето на АД Пошта влијаат на доставата и на квалитетот на услугите

Во септември 2023 година и покрај лошиот финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва

-

Акционерското друштво за поштенски сообраќај се наоѓа во неповолна финансиска положба почнувајќи од 2017 година и во континуитет остварува загуби од работењето, а најголема загуба во износ 3.726.000 евра е искажана во 2022 година, покажуваат поредоците од последниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија.

Као што се наведува во извештајот, вкупните обврски за краткорочни кредити и заеми на крајот на 2023 година изнесувале 219.650 илјади денари, а се однесуваат на земен краткорочен заем од МЕПСО – АД за пренос на електрична енергија во износ од 100.000 илјади денари и два краткорочни кредити од деловни банки во вкупен износ од 119.650 илјади денари. За доспеаните, а неисплатени кредити во 2024 година, пресметана е договорна казнена камата од 24,45% или 6,7 милиони денари, односно 109.000 евра.

Во текот на 2023 година бил вратен краткорочен кредит во износ од 40.000 илјади денари кој бил одобрен во 2022 година, а одобрен е друг кредит од деловна банка на износ од 32.500 илјади денари кој доспева за враќање на крајот на 2024 година, пресметуваат ревизорите. Сите земени кредити се со висока каматна стапка која се движи во интервал од 4,8% до 6,25%.

Со Годишниот план за јавни набавки во 2023 година друштвото планирало да набави машина за сортирање на поштенски пратки со проценета вредност од 30.000 илјади денари со која би се овозможило побрзо и флексибилно сортирање на поштата, подобрувајќи го целокупниот процес на услугата од почеток до крај, но истата не е спроведена.

Ревизорите ја проверувале и евиденцијата за земјиштето и за градежните работи. Утврдиле дека некои од објектите, како и двe одморалишта во Охрид вредни 6,4 милиони денари, се во лоша состојба и потребна им е санација, а за еден е утврдено бесправно користење. Дополнително, според ревизорскиот извештајот процесот за поделба на имотот меѓу АД Пошта и Македонски Телеком, започнат во 1996 година, не е завршен, а од 2017 година е запрен и до денот на ревизијата не се дадени насоки за понатамошно постапување со заедничкиот имот на двете друштва.

Законот за поштенските услуги пропишува давателите на поштенските услуги да плаќаат годишен надоместок на Агенцијата за пошти. За 2023 година, АД Пошта на Северна Македонија требало да плати 23.461 илјади денари, но поради финансиски тешкотии, друштвото ненавремено ги подмирило овие обврски, што резултирало со каматни трошоци од 1.990 илјади денари, обврските биле подмирени во април 2024 година.

Давателите на поштенски услуги, надоместокот го уплаќаат на посебна сметка односно Компензациски фонд за финансирање на универзална услуга со која управува Агенцијата за пошти, ако трошоците се повисоки од приходот остварен од обезбедувањето на универзалната услуга во претходната година, АД Пошта на има право на надоместок од Компензацискиот фонд, но за да го оствари ова право мора да води посебно сметководство услугите.

Ревизорите утврдуваат дека вакво сметководство не е воспоставено бидејќи до сега не е поднесено барање до Агенцијата за остварување на правото за надоместок на нето трошоците.

Во делот на јавните набавки се утврдува дека АД Пошта на Северна Македонија без спроведена постапка за јавна набавка има преземено обврски за набавка на стоки и услуги, во вкупен износ од 3,7 милиони денари или приближно 60 илјади евра, што претставува надминување за приближно 2,2 милиони денари над утврдениот вредносен праг.

Со ревизијата утврдени се чести измени во однос на бројот на извршители, работното искуство, степенот на образование и видот на стручна подготовка, а има и неправилности во пополнување на работните места и евиденцијата на работното време, како и во пресметката на додатоци, надоместоци и награди за дел од вработените.

Понатаму, друштвото има склучено договори со 276 пошторазнесувачи, но дел од нив, наместо за договорените услуги, ангажирани се за извршување на други административни задачи.

Во септември 2023 година и покрај лошиот финансиски резултат, друштвото извршило зголемување на месечната нето плата на директорите на сектори, заменик генералниот и генералниот директор за 42% до 58% соодветно, што не е во согласност со Законот за трговски друштва.

Ревизорите укажуваат на потребата од поголема меѓуинституционална соработка за обнова на руинираните делови од зградата во која се наоѓа Дирекцијата на АД Пошта на Северна Македонија. Во 2013 година, зградата беше опожарена, при што „Шалтер салата“ и други делови беа сериозно оштетени. Во 2021 година, зградата беше ставена на листата на седум најзагрозени споменици во Европа. Иако имало неколку иницијативи за реставрација, тие не биле реализирани.

Министерството за транспорт не донело Стратегија за развој на поштенските услуги, која треба да биде усвоена од Собранието на Република Северна Македонија. Во 2021 година, за спроведување на длабинско снимање на работењето на АД Пошта на Северна Македонија и изготвување на физибилити студија, биле исплатени 795.000 евра во денарска противвредност. Иако АД Пошта на Северна Македонија располага со направената студија, таа не се применува, заклучува извештајот.

 

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...