ДЗЛП добила барања да изврши инспекции во портали, бара да се бришат личните податоци

-

Дирекцијата за заштита на личните податоци минатата недела добила повеќе иницијативи за вршење на инспекциски надзор врз медиуми, односно информативни интернет-портали, „заради утврдување на прекршувања на Законот за заштита на личните податоци“.

„Им укажуваме на сите онлајн-портали и печатени медиуми дека е потребно да иницираат бришење на личните податоци, односно минимизирање на обемот на личните податоци што се објавуваат во согласност со целта која треба да се исполни при објавата, заради правично, соодветно, релевантно и не преобемно утврдување на категориите на лични податоци (презиме, име, адреса на живеење (населено место и улица), податок за своерачно потпишување) на граѓаните (субјекти на лични податоци). Воедно, укажуваме на член 8 од Законот за заштита на личните податоци, во согласност со кој забранета е обработката на посебните категории на лични податоци, односно обработката на матичниот број на граѓанинот“, стои во соопштението од Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Оттаму појаснуваат дека во согласност со членот 9 од Законот за заштита на личните податоци, матичниот број на граѓанинот може да се обработува само по претходна изречна согласност на субјектот на лични податоци, за остварување на со закон утврдени права или обврски на субјектот на лични податоци или контролорот и во други случаи утврдени со закон.

Контролорот (фирмата, медиумот, н.з.), се додава во соопштението, е должен да води сметка матичниот број на граѓанинот да не биде непотребно видлив, печатен или преземен од збирка на лични податоци.

„Согласно член 5, став 1, алинеи 1, 2 и 3 од Законот за заштита на личните податоци, личните податоци се обработуваат правично и во согласност со закон, се собираат за конкретни, јасни и со закон утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели, а се соодветни, релевантни и не преобемни во однос на целите заради кои се собираат и се обработуваат“, се наведува во соопштението.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...