Демо верзијата на Dynasty Warriors Origins може да се симне од платформата „Стим“ и да се испроба речиси два месеци пред играта да биде целосно достапна (17.01.2025). Првите верзии на играта своевремено беа остварување на сонот на секој гејмер да се бори како херој на бојно поле против цели средновековни војски.
Естетиката на оружјата и оклопите е нагласена и дејството во овој најнов дел од играта односно приказната е сместена пред најстарата верзија од серијалот, затоа и непријателските генерали изгледаат помладо. Текстурите и околините во играта се далеку подобри како и анимациите и новите карактеристики.
Тоа што најмногу ги воодушеви играчите ширум светот во оваа игра е дека опциите за перфектно избегнување и возвраќање удари ви даваат различни бонуси. Целта на играта е да реагирате каде што сте најпотребни на бојното поле затоа и има минимапа според која се ориентирате и стигате до вистинските ранливи дестинации за вашите трупи.
Во овој дел од Dynasty Warriors може и да контролирате дел од војската, на пример да наредите на цела единица стрелци да стрелаат со рој од стрели во одредна област каде стојат непријателски војници во мноштво. Истата способност може и да се чува за битки против главни. Исто така имате и сојузници генерали над кои повремено може да превземете контрола и да испробате и различни типови на оружја. Но, сите оружја можете единствено да ги отклучите кај главниот лик со просто играње на играта за што треба време. Сојузните генерали имаат и свој улти-удар, уникатна способност за секој од нив, кој обично е масовно деструктивен.
Откако се пушти демото за играта во промет, ветувањата за финалниот производ доста ги заинтригираа гејмерите бидејќи драстично ѝ се зголеми популарноста. Има опција на Steam да се купи играта пред време со што се нудат екслузивни бонуси, а цената е ни помалку ни повеќе туку 80 евра.