Двомесечно бебе починало синоќа на детското одделение во болницата во Кавадарци, информираа од СВР Велес.
Случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци околу 21:35 часот. Бебето било хоспитализирано на 12 јануари годинава, но по два дена починало. Лекарскиот тим извршил реанимација, но бебето починало.
За настанот бил известен јавен обвинител, по чии насоки телото на починатото бебе е дадено на обдукција.
