fbpx

Двојно убиство во тетовското село Мерово

-

Двајца браќа, на возраст од 23 и од 25 години, од тетовското село Мерово, утрово околу 7 часот биле смртно застрелани од огнено оружје од засега непознати лица.

Според информациите на тетовската полиција, еден од браќата починал на самото место, а другиот им подлегнал на повредите на пат кон Клиничкиот центар во Тетово.

Во престрелката што се случила во атарот на селото, кај местото Јабланица, на патот кон населеното место Седларево, ранети биле уште две лица, роднини на убиените.

Тие, по укажаната лекарска помош во тетовската болница, поради сериозноста на повредите, се пренесени во Ургентниот центар во Скопје.

На местото е присутен јавен обвинител и екипа на СВР Тетово, кои вршат увид.

Од тетовското јавно обвинителство информираат дека утринава во периодот од 6 до 7  часот, настанала кавга помеѓу две спротиставени групи кои се во сродство.

„Во пресметката меѓу нив било употребено и огнено оружје, при што од живот се лишени двајцата браќа од едната група, а телесно е повреден нивниот татко. Од другата, спротиставена група повредени се две лица кои со телесни повреди се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. Истрагата на надлежното Основно јавно обвинителство Тетово продолжува во насока на прибирање на материјални докази со цел расветлување на настанот“, информираат од Обвинителството.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...