Дводеценискиот јубилеј на Охридскиот договор ќе се одбележи со конференција „…По Охрид“

Централниот настан од серијалот одбележувања на 20 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор ќе се одржи денеска, низ конференцијата „…По Охрид“, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, со почеток во 10 часот.

Настанот го организираат Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, на чие чело е Артан Груби, во соработка со Програмата за изградба на мирот и човековите права на Универзитетот на Колумбија. На конференцијата ќе говорат и претседателот на Собранието, Талат џафери, премиерот Зоран Заев и други политичари.

Со Охридскиот рамковен договор со кој беше ставен крај на неколкумесечниот воен конфликт во 2001 година. Преговорите започнаа во јули 2001 во Скопје, а потоа продолжија во Охрид и беа консултирани повеќе советници и експерти. Договорот беше потпишан на 13 август во претседателската резиденција на Водно во Скопје.

Потписници на Охридскиот договор се тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер Љубчо Георгиевски, претседателот на ПДП Имер Имери и тогашните претседатели на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДПА Арбен Џафери.

Свои потписи на договорот ставија и специјалните претставници на ЕУ Франсоа Леотар и на САД Џејмс Пердју.