Движењето за реформи на ДПА нема да учествува на изборите на 24 април

Централното претседателство на движењето за реформи на ДПА на денешниот состанок одржан во Тетово, одлучи партијата да не учествува на изборите закажани за 24 април.

– Ние одлучивме да не учествуваме на изборите затоа што сметаме дека не се исполнети условите. Легитимитетот од овие избори е многу поважен за Албанците отколку за некои што сакаат само да го користат легитимитетот за да формираат нова влада – изјави Зијадин Села, претседател на движењето за реформи на ДПА

Села смета дека вчерашната одлука во собранието за организирање избори на 24 ашрил е противуставна.

– ДУИ веќе покажаа дека не работи за доброто на Албанците, туку нејзиниот легитимитет се базира на заштита на својот коалиционен партнер, ВМРО-ДПМНЕ – додаде Села.