Двегодишно бебе со цревни малформации меѓу 29 нови починати од ковид-19

Фото: Picsea на Unsplash

Во текот на вчерашниот ден од ковид-19 починале 29 лица, меѓу кои и 2 годишно бебе од Скопје, информира Министерството за здравство.

Како што посочуваат од ресорот здравство, детето што почина било родено со конгенитални малформации, со дијагноза бактериска сепса. Тоа било хоспитализирано и оперирано во повеќе наврати на клиниките за детски болести, детска хирургија и неврохирургија од „конгенитални интестинални (цревни) малформации, компликации перфорација на црево, перитонит, некротизирачки ентероколит, ресекција на јејунум, интракранијална хеморагија, аплициран вентрикуло-преитонеален шант“.

Оттаму додаваат дека при последниот прием на клиниката за детска хирургија поради малнутриција и дехидрација, поради ковид протоколите детето е тестирано на ковид-19 и добиен е позитивен резултат.

„Поради компликации настaпува exitus letallis“, се вели во соопштението од министерството.

Возраста на останатите 28 починати се движи меѓу 39 и 88 години, а најголем дел се од Скопје – 13. се направени 4.384 тестирање, а регистрирани се 561 нов случај на ковид-19, информира Министерството за здравство.

Најголем број од новите случаи се во Скопје – 249,потоа Куманово – 49, Струмица – 40, Охрид – 30, Штип – 25, Тетово – 23, а во останатите градови е регистриран помал број на случаи.

И од регистрираните оздравени пациенти, вкупно 507, очекувано најголем дел се од Скопје – 201, потоа од Тетово – 39, Гостивар – 37, Куманово – 33, Струмица – 25, а во останатите градови бројот на оздравени се движи од 1 до 18.

Досега во земјата се направени вкупно 1.242.490 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 186.010 бројката на оздравени пациенти е 166.606, на починати е 6.396, а бројот на активни случаи изнесува 13.008.