Стелт игрите Styx: Master of Shadows и Styx: Shards of Darkness Deluxe Edition се бесплатни за превземање на платформата Epic Games до четврток. Овие игри потсетуваат на серијалите игри Thief, Splinter Cell, Assassin’s Creed и Dishonored кои се засноваат на прикрадување, убивање од сенки и поставување стапици за стражари, нешто што во Styx игрите ги изведува истоимениот гоблин во околина и атмосфера како од делата на Џон Роналд Руел Толкин.
Сепак мора да се предупреди дека овие игри се наменети за возрасните играчи, поради експлицитноста. Исто така пред две недели беше најавен и најновиот дел во истиот серијал стелт игри со наслов Styx: Blades of Greed со трејлер што покажува нови механики во играта што треба да излезе:
Стелт видеоигрите секогаш имале нереалистични механики -сепак истите правила важат за сите стелт игри, обично има начин на гледање на видното поле на непријателите кога со притискање одредено копче се скенираат и движењата и дометот до каде гледаат стражарите,(добар пример за ова е способноста Eagle Vision во Assassin’s Creed игрите) но во втората игра со Стикс, џуџињата-стражари можат и да го намирисаат главниот лик дека комичниот дел е дека главниот лик Стикс е валкан и смрдлив Гоблин -овие карактеристики и многу други се додадени во вториот дел од играта што моментално на Epic Games доаѓа во Deluxe едиција:
Тоа што апликативно во повеќето стелт игри -е да кружите околу непријателите на безбеден домет -додека не се добие шанса да им се придвижите бавно и тивко по права линија и да ги егзекутирате. Ова не важи само за Single Player RPG игри туку и за MMO-a како што исто се игра класата Rogue на World of Warcraft или пак како понов пример кога ги правите стелт квестовите во Where Winds Meet особено истакнато во случаите на стекнување на скилот преку Skill Theft за Strategic Sword и другите потешки оружја за земање со посебни стелт мисии. Повеќе за феноменот Where Winds Meet во MMO игрите може да прочитате на следниот линк.
Што се однесува до уште една заедничка карактеристика на Стикс стелт игрите -со игри со Souls комбат -кога ќе ве откријат во играта стражари -мора да дефлектирате/парирате нивни удари со сечивото инаку умирате. Игрите имаат autosave опција, но може да се прават и рачни сејвови. Има и интересни механики, гоблинот Стикс може да повраќа во манџа за стражари и да ги онеспособи со пренесување болести, може да поврати сопствен клон што стои да стои на одредена точка. Во втората игра има и опција за играње со пријател во co-op mode, но нема заеднички механики -и самото тоа што се работи за стелт игра не функционира добро во пар како што функционира соло.
Првата Стикс игра излезе во 2018 година, но графички уште изгледа солидно, музиката одговара на атмосферата и voice acting-от односно синхронизацијата на каракетерите од актери е најдобриот уметнички квалитет на играта. Во играта има добра приказна и повремени анимации и раскажување на завршеток од нивоа и со нацртани цртежи и глас.
Toa што Epic Games ги раздава претходните делови од играта две недели по најавата на најнова игра што треба да излезе во серијалот воопшто не е случајно. Дури има и гласина меѓу гејмерите дека Epic Games спонтано ги зголемува интересот а со тоа и продажбите на Steam на овој начин за најновите делови на игрите.
Styx серијалот е забавен, интересен и комичен.- И исполнет со добро сработени околини и чудни несекојдневни механики за RPG игри. Ако имавте потешкотии да ги разберете термините во овој напис на следниот линк имаме водич за термини во RPG игри, во којшто се детално објаснети сите термини што точно значат.
Игрите Стикс не се премногу долги и траат по 15 часови за да се заврши главната приказна, но секако ги препорачуваме за превземање од Epic Games за време на оваа бесплатна промоција што трае до Четврток 22 Јануари 2026.
