Две новороденчиња во прилепско починаа од премрзнување

Според болницата, девојчето вчера утрото било однесено на одделот за детски болести во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување, додека за машкото новороденче имале информации дека починало дома претходно, од истата причина. 

-

Две новороденчиња – близнаци од прилепското село Славеј, стари околу 20 дена, починале вчера попладне.  

Од Општата болница Прилеп соопштија дека се работи за машко и женско новороденче, кои се родиле недоносени, во 34-тата гестациска недела. 

Според болницата, девојчето вчера утрото било однесено на одделот за детски болести во тешка здравствена состојба како резултат на премрзнување, додека за машкото новороденче имале информации дека починало дома претходно, од истата причина. 

„По приемот на женското новороденче, веднаш е преземена интензивна медицинска интервенција. Извршена е реанимација, новороденчето е интубирано, поставено во топли ќебиња и применети се дополнителни мерки за затоплување. И покрај сите преземени обиди од страна на медицинскиот персонал, состојбата продолжи да се влошува“, се вели во соопштението од прилепската Општа болница. 

Од таму информираа дека констатирале смрт кај девојчето вчера во 13 часот. 

„Изразуваме длабоко жалење за загубата и остануваме посветени на обезбедување најдобра можна грижа за сите пациенти“, додаваат од ЈЗУ Општа болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп. 

Бебињата, инаку, се родиле на 30 декември, а за 23-годишната мајка ова била четврта бременост. 

Првото новороденче, машко, се родило со тежина од 1.970 грама, додека второто, женско, со тежина од 1.70 грама. 

На 10 јануари, по барање на мајката и со нејзин потпис, новороденчињата биле испишани од болницата. 

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување на правата...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

(ГАЛЕРИЈА) Мета од Белград: Борбата на српските студенти и граѓани не стивнува

Повеќе од три месеци поминаа од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, Србија, а граѓанските протести и студентските блокади со барања за утврдување одговорност за несреќата и спроведување...