fbpx

Дванаесет ловишта ќе се даваат под концесија

-

За да се обезбеди одгледување, заштита и користење на дивечот во ловните региони, но и заради давање сериозни можности за остварување бизнис за стопанските субјекти и за нивно функционирање во профитабилна дејност, како и за обезбедување нови работни места и вработување на граѓаните, Владата преку Mинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распиша јавен повик за доделување под концесија на дивечот во 12 ловишта, кои се лоцирани во пет ловни региони во Република Македонија. Од овие 12 ловишта, три се ловишта со ситен дивеч, чиј период на концесија изнесува 10 години, а девет се ловишта со крупен дивеч чиј период на концесија изнесува 20 години.

Се работи за концесии на 12 ловишта во земјата, од кои по едно ловиште во реонот на Македонски Брод, Прилеп и на Струга, четири во Кочани и пет во Делчево.

На овој јавен повик право за учество имаат сите домашни правни лица и сите странски правни лица кои имаат регистрирано подружница во Република Македонија, во согласност со Законот за трговските друштва, кои ги исполнуваат условите од повикот и ќе подигнат тендерска документација и ќе поднесат понуда.

Рокот за поднесување на понудите е до 20 јануари 2015 година, кога ќе следува и нивното јавно отворање.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...