fbpx

Двајца полицајци убиени на должност во Сараево

-

Двајца полицајци биле изрешетани рано утрово во Сараево, додека се обидувале да спречат кражба на автомобил.

Според Адем Зољ, премиер на Сараевскиот кантон, кога полицајците при патрола пристигнале на паркинг во населбата Алипашино Поље околу 4.50 часот и забележале обид за кражба на „голф 6“, крадците веднаш почнале да пукаат на нив со автоматско оружје.

Притоа бил убиен Адис Шеховиќ (46), додека неговиот колега Давор Вујиновиќ (43) во критична состојба бил пренесен в болница, но претпладнево им подлегнал на повредите и покрај извршените операции и обидот за реанимација.

Според некои сознанија крадците потоа избегале кон Источно Сараево, а полицијата на Сараевскиот кантон трага по сторителите во соработка со полицијата од Република Српска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...