fbpx

Двајца обвинети признаа вина за нападот врз Села

-

Обвинетите Цејо Горгиевски и Стојан Павловски признаа вина во судската постапка за случајот насилство за нападот врз Зијадин Села што се случи за време на упадот во Собрание на 27 април минатата година.

Обвинетиот Павловски пред судот рече дека признава вина и дека не можел да ги негира снимките и откако тие биле пуштени во судница, не може да каже дека не бил виновен.

– По изведените видео докази не можам да кажам дека не сум виновен. Тоа беше во момент на агресија – рече Павлески.

За двајцата кои го признаа делото, постапката ќе се раздвои од останатите седуммина кои се обвинети за обид за убиство.

На минатото рочиште обвинителот во овој случај, Дарко Јакимовски им го предаде изменетото обвинение на судот и на одбраната.

Со измените, за кои клучна беше новата снимка што како доказ ја презентираше Обвинителството, Сашо Сенков е ослободен од обвинение, а за двајца обвинети, Цејо Горгиевски и Стојан Павловски делото обид за убиство е преквалификувано во полесно дело, насилство.

За останатите седуммина обвинети останува истото кривично дело обид за убиство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...